Мијалков го повлече првиот потег по денешните БОМБИ: Ќе го тужи Заев, но не ја негира автентичноста на снимките

0
638

Sasho Mijalkov krv

Веднаш по прес конференцијата на СДСМ, на која лидерот на партијата, Зоран Заев, објави телефонски разговори, смс пораки и други документи и обвини дека Мијалков добил милионски провизии при набавка на опрема за прислушкување, со реакција се јави и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во истата, Мијалков во ниту еден момент не ја негира автентичноста на снимките, и не вели дека истите се монтирани, креирани, сечени или лепени, како што вообичаено вели неговиот братучед, премиерот Груевски, или други претставници на власта. Реакцијата на Мијалков ви ја пренесуваме во целост:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=nNN39oRCjZA[/youtube]

Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“.

За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава.

Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби.

Донацијата од 5.557.377 евра е примена.

Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност.

За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев.

Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија.