„Мијалкови деца“ и се закануваат по животот на новинарката Јорданка Ивановска откако ја обелодени сторијата за измачуваниот коњ

0
1864

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која  ја обелодени  потресната приказна  за измачуваниот коњ во населбата Ѓорче Петров, добила закани по нејзиниот живот. Таа се огласи на својот ФБ,а веќе денес  многумина на Фејсбук ја прогласија и за херој на денот. Еве што вели  таа-“За 15 год.новинарска кариера сум добила секакви закани, ама никогаш закани по живот на мене и моја фамилија. Заканите,вечерва, од грујовите криминалци т.н. „мијалкови деца“,како што самите се фалат, биле изречени пред активисти за права на животни, полиција, новинари и така некако ми беа пренесени.

Кога биле запрашани да кажат име и презиме, од кого е “поздравот“, криминалците од Ѓорче кои се врзани со полиција за организирање на борби со кучиња, одбиле, со образложение- „па еве, од нас сите , 15 души“.

Океј, багро ѓорчепетровска ! Јаки сте ми вие мажи. Тој што сериозно мисли нешто да прави, не се заканува пред новинари, капиш? И не раскажува намери.

Вие сте само едни обични пурјаци, кои веќе утре ќе бидат викнати на рибање, мавнати по муцките од Грујо, на кого му правите штета само со тоа што сте е родиле, камоли што уште живеете. Видете, не ви се плашам. Јас дури не ни побарав помош од никого вечерва, бидејќи нема потреба. Иако забележав кој се се јави и ми понуди помош. Или барем ме праша дали нешто треба.

Со некои како вас и сама можам да се справам. Ќе си плукнам на новинарскава кариера ако дозволам некои  ко вас да си кажат нешто вакво јавно пред толку луѓе, а да си поминат туку-така. Друг пат ќе пазите на кого се заканувате! Над поповите секогаш има владици.