„Мој интерес се околу 26 илјади километри квадратни територија на целата држава. Тоа го поткрепувам со дела. Како прв човек на владата тие 250 милиони евра кои што треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица и во Гостивар и Кичево.
Премиерот истакна дека во работењето и поддршката на Владата никогаш не е правена разлика дали се работи за градоначалници од ДУИ, Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.
„25 милиони евра одвоивме од буџетот за финансирање на универзитетот Мајка Тереза. Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете колкави беа ударите од колегите од универзитетот Свети Кирил и Методиј врз мене? Или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микро космос? Еве ќе ви дадам уште примери. Во министерството за животна средина беа заглавени проекти за водоводи, канализации. Зошто? Затоа што мнозинството на градоначалници претходната влада ги третирала како отпадници, бидејќи биле од ВМРО-ДПМНЕ. Изет не рече не им давам на овие од ДУИ.
Од друга страна, според премиерот Мицкоски, ДУИ играат на картата на етничка поларизација и тоа е мошне погрешно, бидејќи немаат да кажат што реализирале изминатите 20 години во економијата, образованието или здравството.
„Оваа Влада не е влада за да понижи некого, а друг да глорифицира. Ова е влада која треба на граѓаните без разлика на нивната етничка припадност, да им обезбеди подобар живот.“, рече Мицкоски и додаде дека во овие 6 месеци од нула позитивно мислење за него меѓу Албанците, сега тој процент е 25%.