МИЦКОСКИ : ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ КВАЛИТЕТНО РЕШЕНИЕ ЗА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, НЕ НИ ТРЕБА НОВА ДАНЕЛА АРСОВСКА

0
439

„Имавме ние внатрепартиски принципиелен став околу критериумите на личностите кои би се нашле на листите, мислам дека многу скоро од денеска ќе бидат познати би рекол основните прaвци каде ќе се движи ВМРО-ДПМНЕ и кој ќе биде кандидатот кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере. Партиската конвенција е закажана за 2 март, параметрите нумерички си ги знаеме отприлика кој кандидат има најголеми шанси да биде претседател, иако морам да ви признаам од тие 22 најмалку петмина се убедливи споредбено со потенцијалните кандидати на власта“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на емисијата 360 степени што се емитува на МТВ.

Мицкоски посочи дека во името на демократијата, и според партискиот статут, секој оној кој ќе ги исполни условите согласно огласот ќе има можност да се појави на конвенцијата каде ќе се избере кандидат кој ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.На прашањето колку ќе влијае феноменот Данела Арсовска во смисла да биде претседателскиот кандидат партиски или не, Мицкоски вели:

„Тој феномен кој што го потенцирате во смисла на Макијавели си ја исполни својата цел, но доколку суштината ја гледаме тогаш да не ја исполни ниту би рекол едноцифрен број проценти. И тоа јас сум го зборувал во јавноста и често пати сум го аргументирал и денеска јас да го гледам концептот на модерно Скопје пред мене јас и денеска ќе го поддржам. Тоа што инклинираше потоа градоначалникот на Скопје и тимот кој работи со неа е тоа е друго“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секогаш треба човек да учи од грешките во минатото.
„Јас ценам дека ние многу научивме од грешките во минатото, луѓе сме работиме, живи луѓе сме  правиме понекогаш грешки не сме идеални и ценам дека сето тоа е дел од таа неравенка која на крајот треба да даде егзактно решение кој ќе биде кандидатот кој делегатите на конвенцијата  ќе го изберат за кандидат што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.