Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ЌЕ ОДГОВАРААТ СИТЕ ШТО СЕ ОГРЕШИЛЕ, ОД ДОМА ЗА УШИ ЌЕ ВАДИМЕ!

Во случајот нема политика и ќе одговараат сите коишто се обиделе да водат политика врз грбот на граѓаните и на животите што ги изгубија децата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Никој да не се обидува да игра на етничка карта, порача тој.

„Да им одговорам на оние што прават полноќни прес конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме.

Ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство како што вчера се обидоа, со тие полноќни прес конференции. Од дома, за уши ќе ги вадиме!, рече Мицкоски.Трагедијата во Кочани ја нарече „масовно убиство“ на некој кој дозволил да се случи.

„Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа. Па сега може да се претпоставите колку клубови работат во државата, и тоа не знаеме кои се валидни, затоа што претпоставуваме дека рокот им е изминат, така што не очекува многу работа, затоа што е очигледно дека никој не си ја вршел работата.

И сега се обидува некој под политизација да ја сокрие криминалната работа која ја правел изминатите години. Нема да има милост, кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. Ова е би рекол масовно убиство кое некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција кое дозволувал да се случи“, рече Мицкоски.

Овој клуб добил лиценца само два пати. Прашањето е како во 2021 и во 2023 година му потпишале. Во 2024 година видовме како му потпишале. И тука нема политика, ќе одговарате сите. Ако мислат дека ќе се обидат да играат на етничка карта, нема да успее.

Има за уши да ги вадиме од дома“, рече Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ