МИЦКОСКИ : ЌЕ НАПРАВИМЕ УПАД КАЈ МАЛКУМИНА ПАРТИЗИРАНИ ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ

0
107

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека досегашната владина коалиција имала доволно време да го реформира судството и обвинителството, но во тоа не успеала.

Тој беше прашан и за писмото што министерот за правда во техничката влада, Кренар Лога, го испратил до Брисел, Вашингтон и до дел од странските амбасади во земјава, а во кое изразува загриженост дека реформите што ВМРО-ДПМНЕ ги најави уште пред изборите во својата програма ќе значат упад во правосудниот систем на државата.

„Ќе направиме упад кај малкумина партизирани обвинители и судии кои, за жал, влијаат негативно врз оние обвинители и судии кои си ја вршат работата согласно закон и устав. Господинот Лога, но и другите од претходната власт имаа можност речиси седум години да го реформираат и обвинителскиот и судскиот систем и наместо досегашните катастрофални два, три, четири, пет проценти доверба да го направат барем двоцифрен тој процент. За жал, тие не успеаја“, рече Мицкоски.