Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ЌЕ ГО РАЗРЕШИ ИДРИЗИ АКО ПОВТОРНО ОДБИЕ ДА СЕ ОБРАТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

-Ако мислите на моментот кога во рамките на Парламентот, директорот не се обраќаше на македонски јазик, јас разговарав со него и не очекувам дека тоа ќе се повтори. Ако се повтори ќе биде разрешен, рече Мицкоски.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, добил жолт картон од премиерот Христијан Мицкоски откако во Собранието тој одби на новинарите да им одговори на македонски јазик. Мицкоски раговарал со него и како што вели не верува дека тоа ќе се повтори, но потенцира дека ќе го разреши директорот доколку се повтори.

-Ако мислите на моментот кога во рамките на Парламентот, директорот не се обраќаше на македонски јазик, јас разговарав со него и не очекувам дека тоа ќе се повтори. Ако се повтори, ќе биде разрешен – рече Мицкоски. Вицепремиерот Иван Стоилковиќ во телевизиско интервју најави дека Владата ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. На прашање зошто Идризи не го користи македонскиот јазик во јавните настапи, Стоилковиќ рече дека „во вторник, на идната седница на Владата, 99% сигурно ќе биде разрешен“. Тој во емисијата „На кавга со Иван“ рече дека лично на Влада ќе поднесе иницијатива Идризи да биде разрешен бидејќи го крши законот којшто треба да го штити. Минатата недела, Идризи на новинарски прашања одговараше само на албански јазик, а на медиумите на македонски јазик им порача дека „после ќе им преведат“.

-И Законот за јазици треба да има преведувач – кажа директорот на Инспекторатот. Владиниот партнер од Вреди Билал Касами најавата на Стоилковиќ ја оцени како избрзана. Касами рече дека предлозите за разрешувања ги даваат истите партии коишто предлагаат назначувања.

-Именувањата на функционерите се прават со предлози на партиите што ги назначуваат, тоа е коалициски договор. Мислам дека веројатно е избрзана изјава, секако целиот процес на ковладеење се базира на договорот за ковладеење на коалициските партнери. Секогаш има недоразбирања меѓу коалициските партнери, но верувам дека тие ќе бидат надминати. Верувам дека предлогот за назначување и разрешување го даваат партиите што ги даваат и предлозите за разрешување – изјави Касами. Идризи пак, преку Фејсбук му одговори на Стоилковиќ со стихови од песната „Нашиот јазик“ на Наим Фрашери.

„Нашиот јазик, колку е добар, колку е сладок, колку е широк,
колку е лесен, колку е слободен, колку е убав, колку е вреден…“

За ДУИ најавата за смена на Идризи е демонстрација на институционален притисок и понижувања на службената употреба на албанскиот јазик. Партијата на Али Ахмети обвини дека Владата преку серија институционални чекори системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера. Од партијата повторија дека Инспекторатот за употреба на јазиците е практично блокиран, без автономија, а инспекторите шест месеци не земаат плата и се без основни услови за работа, вклучително и пристап до службени возила.

-Скандалот е продлабочен од страна на Министерот за политички систем, кој вчера изјави дека ќе го смени директорот на Инспекторатот не поради неработење, туку за да му го покаже местото. Оваа изјава е директна демонстрација на институционален притисок и понижување врз службената употреба на албанскиот јазик – велат од ДУИ. ДУИ ги повикаа сите албански општествени фактори, вклучувајќи ги и, како што велат, остатоците од Вреди во Владата, да преземат одговорност и јасно да се спротивстават на системските закани врз албанскиот јазик.

-Албанскиот јазик не е политичка привилегија, тој е уставна категорија и дел од темелите на Охридскиот договор – велат од партијата.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ