Sunday, April 20, 2025
21.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ЌЕ ГИ ОТВОРИМЕ И СЛУЧАИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА И ЗА ЛАСКАРЦИ, ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ, ИЛИ МАКЕДОНИЈА ИЛИ МАФИЈАТА

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ порача дека ќе се отворат сите претходни случаи и за модуларната болница и за Ласкарци истакнувајќи дека ќе се оди до крај и ќе има одговор што точно се случувало, односно како што рече или ќе има победа за Македонија и граѓаните или мафијашите.
„Сите овие случаи кои што ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам обвинителството многу јасно да ја прошири истрагата и да го идентификува не само возачот на автобусот или управителот на правното лице, туку да видиме во кој испитен центар кажале дека тој технички е исправен, кој ја дал да тој испитен центар функционира така што функционира.
Зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка, зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостасуваат некои елементи, таму каде што мислам дека недостасуваат.
За сето ова ќе има одговор, ќе има разврска. Нема ништо да оставиме. Јас ви реков тргнавме, нема сега запирање, сега одиме до крај. Или тие или ние. Во животот постојат две работи, или тој или ти. Не може двајцата да опстанат, или ние ќе опстанеме, Македонија и граѓаните од една страна, или мафијашите. Нема место за двајцата повеќе.“, дециден е Мицкоски и додаде:
„Кога ќе одлучам да влезам во битка, или јас или противникот. Не може двајцата.“
На констатацијата од новинарот дека го држи за збор за ова што го кажа премиерот Мицкоски, рече: „Да ме држите за збор.“
Со почит,

ОВАА НЕДЕЛА

МЕЏИТИ НАЈАВУВА: ТРАНСФОРМИРАЊЕТО НА ВЛЕН ВО ПАРТИЈА ПОЧНУВА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ Првиот...

ПУТИН ПРОГЛАСИ ЕДНОСТРАН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ЗА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН

Фото: kremlin.ru Примирјето ќе започне во сабота во 18 часот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ