Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.
„Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите“, истакна Мицкоски.Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.
„Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.