Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

МИЦКОСКИ : ЈА РАЗБИРАМ КОС, ТРЕБАШЕ ДА ГО ПОМИНЕ „ХИРИНГОТ“ НА КОЈ ГЛАСААТ И ЕВРОПРАТЕНИЦИ ОД НАШИОТ ИСТОЧЕН СОСЕД

Премиерот денеска се обиде да најде оправдување за идната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која на сослушувањето во Европскиот парламент изјави дека Македонија мора да ја исполни преземената обврска за промена на уставот, „ништо повеќе и ништо помалку“.

Според Христијан Мицкоски таа тоа го кажала затоа што и бугарските европратеници требало да гласаат словенечката кандидатка да добие зелено светло. Иако, според правилата на Европскиот парламент за нејзино одобрување гласаат парламентарните групи, а не поединечно европратениците. Тие можат да кажат што мислат во рамките на парламентарната група. Така, против нејзиното именување беа против пратениците од словенечката партија на Јанез Јанша, сојузник на ВМРО-ДПМНЕ, поради причини од домашната политика. Но тоа не го промени ставот на пратеничката група на ЕПП во европарламентот (каде е член партијата на Јанша), која ја одобри Марта Кос.

„Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине ‘хирингот’ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички рагзовори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме“, рече Мицкоски денеска од Велес.

Повторувајќи го слоганот на Никола Димитров од времето кога паѓаше владата на Никола Груевски, Мицкоски уште еднаш како и од Будимпешта рече: „Мора да нѐ биде и ќе нѐ биде“. Тој оптимизмот го темели по сите досегашни средби со релевантните светски лидери во изминативе месеци. Разговорите со францускиот претседател Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог. На средбата во Будимпешта, информира, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфраструктурата, здравството. Одговарајќи ина новинарски прашања, тој имаше забележи за текстови во некои медиуми.

„Видов одредени написи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседал“, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на три правци кај Велес.

ОВАА НЕДЕЛА

ЕКОЛОГИСТИТЕ СО АПЕЛ ДО ВЛАДАТА ДА ГО ОГРАНИЧИ УВОЗОТ НА ПОЛОВНИТЕ АВТОМОБИЛИ

Невладиниот сектор упати предлог до Владата во кој бараат...

МИЦКОСКИ : НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА ЌЕ ОПФАЌА ПОВЕЌЕ ОД 800 ПРОИЗВОДИ

Акцијата за новогодишната кошничка започнува од 15-ти декември, а...

ЛЕКАР И АДВОКАТИ „ШТЕЛУВАЛЕ“ МЕДИЦИНСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ДА НАПЛАТАТ ОСИГУРУВАЊЕ

Лекар од тетовската болница и двајца адвокати ќе одговараат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ