Тој додаде дека оваа влада наследи катастрофален Буџет од страна минатата каде што не беа испланирани средства за плати во одредени претпријатија и исплата на пензии, но и покрај тоа со ребалансот овие состојби се надминати.
„Ние наследивме состојба таква каква што наследивме, многу лоша, катастрофална, катаклизмична. Катастрофа е комплимент, поезија во споредба со тоа што го наследивме. Со огромна буџетска дупка, со пари коишто не беа планирани, недостасуваа итн. Во рамките на зголемување на приходната страна ќе бараме начин да ова го овозможиме за оние работници коишто се, би рекол резултат на работата на Буџетот, односно сите оние коишто се во администрацијата итн“, истакна Мицкоски и додаде:
„Тоа во овој момент е невозможно, но тоа што можевме го обезбедивме. Обезбедивме плата за луѓето од „Национални шуми“ коишто не беа земале со месеци плата, обезбедивме плата за вработените од АД „Водостопанство“ коишто со месеци не беа земале плата, обезбедивме околу 5 милијарди за пензионерите, не по основ на линеарното покачување, а не како што беше досега процентуалното туку линеарното од 2500 денари овој септември и 2500 денари следниот март. За редовната исплата без ова покачување 5 милијарди денари недостасуваа“.