Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ХЕРМЕЛИН СЕ ОСПОСОБУВА ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ НА НЕПРИСТАПНИ МЕСТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос пожарите кои се случуваа и каква е спремноста на Македонија годинава да се справи со нив, изјави:

„Секаде на Балканот на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу, многу поподготвени. Пред сѐ, тука мислам на армиските и полициските хеликоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука, го чекаме третиот да пристигне, популарно наречените Ер трактори.

Но, она коешто ќе биде новитет е тоа што дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70-80, старите Хермелини, Пинцгауер и слично, коишто беа во магацините на Министерството за одбрана и внатрешни работи, се модернизираа, обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи коишто работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.

Тоа што многу ни беше важно, навечер кога огнот, како што велат, спие стручно, да може да му пристапиме и да го угасиме за да не се распламти преку денот. Се подготвуваат и многу скоро, денеска ќе бидете сведоци на една таква показна вежба, како од ништо, направивме нешто.

Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени, со различно инсталиран волумен на вода, до 6 метри кубни, 6 тона практично. Така што, очекувам подготвени да ги пречекаме пожарите и мислам дека драматично сме многу поподготвени од претходните години.“

Премиерот Мицкоски, во однос на тоа колку чинела оваа пренамена на возилата, додаде:

„Многу малку, многу малку и тоа е пред сѐ работа којашто е завршена на волонтаристичка база и со општествено одговорни компании, Буџетот не го чини воопшто.“

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ