Довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите партии на листата. ВМРО-ДПМНЕ е партијата со најголема доверба меѓу граѓаните, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Според податоците, довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите партии на листата.
СДСМ, ДУИ и Вреди имаат идентична поддршка од по 7%, додека Левица добива поддршка од 5% од испитаниците, а партијата ЗНАМ – 4%. Анкетата на ИПИС вклучува два периода на истражување: една анкета е спроведена од 9 до 13 октомври, во која учествувале 1.500 испитаници, и теренска анкета спроведена од 1 до 20 октомври со примерок од 1.005 испитаници. Анкетата покажува значајна разлика во довербата меѓу партиите, што може да укаже на сегашниот став на граѓаните пред претстојните избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има повеќе од тројна поддршка (27,8%) пред Али Ахмети со 8,6% и Венко Филипче со 5,5% доверба.
Од друга страна, 52% од граѓаните прифаќаат уставни измени со одложено дејство кои би стапиле на сила со влезот на Македонија во ЕУ. 42% се против промена на уставот и со ваков услов. Гледано етнички, 49% Македонци се противат на уставни измени со одложено дејство, а за 42% се прифатливи. Кај Албанците, 52% се за, а 39% насто се против вакво решение.
Во истата анкета, 47% од Македонците се против уставни измени со гаранции од Европскиот парламент со истовремена регистрација на македонските здруженија во Бугарија, а 44 насто се согласуваат со вакви гаранции. Кај Албанците, дури 77% се согласни со ваков чин, а кај останатите заедници 40 проценти се противат на ваквиот чекор. Против прифажањето на Францускиот предлог се 53% од граѓаните, а 28% се согласуваат со него. 19% не одговориле. Кај Македонците, 66% се против, а само 18% го прифаќаат.