Не е исклучено затворање на универзитети кои работеле спротивно на законите, како дел од реформата во високото образование. Ваков е ставот на премиерот Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека компаниите сакаат компентени кадри. Според него, не е важно дали се државни или приватни универзтите, туку ќе бидат опфатени сите кои не работат согласно законите.
„Сакам да зборувам за озбилни реформи во високото образование, кога некои универзитети кои работеле спротивно на законот, да одговараат тие личности како што се ректорите кои ги злоупотребуваат средствата на граѓаните. И се поставува прашањето дали ни се потребни реформи во високото образование, со тоа што тие универзитети кои не ги исполнуваат критериумите, треба да се затворат“, вели Мицкоски.