ОД БИХАЌКА ГО ОТЕПАА ТИМЧОТА ЗА ЗГРАДИТЕ И МАДИТЕ : МИЦКОСКИ ТРЕБАШЕ ДА ОТИДЕ НА УВИД НА ПАРЦЕЛИТЕ ВО ЛИСИЧЕ ОД СПОРНИОТ ДУП НА МУЦУНСКИ

0
664

Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо и за година и половина ништо нема направено и нема релизирано ниту еден проект.

Заложникот на Димитар Апасиев и во слободно време шпицен градоначалник Христијан Мицкоски, денеска требаше да отиде на увид на парцелите во Лисиче од спорниот ДУП кој го турка Муцунски.

Да ја посети локацијата каде неговиот Тимчо Муцунски сака да гради висококатници на простор со зеленило и семејни куќи.

Муцунски е ист како Данела Арсовска, пред изборите ветуваше едно, денес прави друго, ја игнорира волјата на граѓаните кои се спротивставија на неговата идеја да гради згради во Лисиче.

А што е заедничко за Муцунски и Арсовска?

Заедничко е Христијан Мицкоски кој ги изневери граѓаните.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо освен што предизвикуваат штета на граѓаните и на општините кои ги предводат.

Тоа е секогаш така кога ВМРО-ДПМНЕ е власт.