„Средствата се обезбедени и за оваа со ребалансот, и следната година со Буџетот кој е во фаза на подготовка. Очекувам на владина седница на 16 октомври да биде Буџетот во прва верзија на дневен ред, и очекувам дека после тоа во рамките на Парламентот, преку една дебата ќе се затвори таа рамка, а потоа истиот ќе се врати за конечно да добие конечна форма и да оди на јавна седница и да се усвојува.“, рече Мицкоски.
„Како ќе биде понатамошното нивелирање на пензиите од септември следната година, па 2026, 2027 година се зависи од тоа какви ќе бидат приходите и како ќе функционира македонската економија. Затоа и многу внимателно кажуваме и многу внимателно ветуваме. Не сакаме да кажеме нешто кое што понатаму нема да го исполните. Тоа што бевме уверени дека ќе го исполниме и ќе го испорачаме, тоа и го направивме.“, вели тој.
Средствата се обезбедени, нема да има никакви дисторзии, ниту пак било какви пореметувања на тој план, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.