Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ СО СААТИ ОД 60.000 ЕВРА НЕ МОЖЕ ДА РАЗБЕРЕ ШТО Е СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ, ВЕЛАТ ОД СДСМ

Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Премиерот со лукзусни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере, велат од СДСМ.

„Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби.

Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат.

Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат“ наведуваат од опозициската партија.

Владата има обврска, велат, да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати.

Затоа, според СДСМ, минималната плата мора да се зголеми и не смее да биде под 500 евра, како основен праг што ќе им овозможи на граѓаните да ги покријат своите основни потреби и да не живеат во сиромаштија.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ