- Долу го имаме тиквешкото поле кое што по мене го има најубавото вино во Европа и најубавото грозје трпезно во Европа. Отприлика околу 50 до 55 илјади хектари ќе имаат дополнителен резервоар за наводнување.
И конечно на крај немаме ограничување од типот на заштита на животната средина и можеме непречено да го развиваме туризмот и да направиме таков тип на населби коишто ќе значат многу за локалната економија но и за нас како држава па дури потоа доаѓаме до четвртиот приоритет а тоа е производството на електрична енергија. Набргу од денеска очекувам јасен план да разработиме и набргу од денеска очекувам да почнеме и конечно да го завршиме овој проект.
Изјава за медиумите на премиерот Христијан Мицкоски поврзано со проектот Чебрен.