Денес е Прочка, празник кој ја носи пораката за простување која е фундаментот на Христијанството и вербата во Бога.
Тоа е подвиг кој треба да ги победи човечките слабости, суетата, грешките кои неминовно се прават.
Во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам.
Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печелат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност.
Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина!
Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.