Мицкоски истакна дека сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото.
„Заврши времето на договори во четири очи како што беа тие во кичевски РЕК „Осломеј“, битолски РЕК „Битола“, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри во центарот на Скопје, кога се играше фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата, сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото, тоа е суштината на работа“, изјави тој.
Премиерот Мицкоски објасни дека тендерот ќе биде распишан во периодот што следи, и додаде:
„Сега моментално компаниите коишто се заинтересирани, можеби ќе има и други коишто ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот којшто следи, наш интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“.