Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ОТСТРАНЕТА Е ПРЕЧКАТА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЈАВНИ ОБЈЕКТИ КАКО ГРАДИНКИ И УЧИЛИШТА КОИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕ НА КОМУНАЛИИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе биде новиот повик за општините, изјави:
„Па би требало од февруари, можеби март, зависи од подготовката на општините. Знаете донесовме Закон во Парламентот, измени на Законот за градежно земјиште каде што сите оние објекти, јавни објекти, како што се градинки, училишта и слично, а кој што се сопственост на државата, ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии.
Имаше случаи во Скопје да Градот Скопје, знаете таму состојбата каква е, го издолжува периодот, не ги ослободува општините во Скопје од комуналии, па тие не можеле да отпочнат со градба на градинки, училишта и така натаму. И сега со овој Закон и таа пречка е отстранета и веќе очекувам онаму каде што е потребно да се градат градинки, училишта.
Знаете наша владина определба е едносменското учење во основните училишта. Тоа ќе значи целодневна, едносменско учење. Тоа ќе значи сигурност за самите родители и поголемо дружење за децата. Поголемо, би рекол другарување, разменување знаења, пријателства стекнување и така натаму. А со тоа значи дека ќе мора да има некакви градежни интервенции во некои училишта, каде што има двосменско работење.
Во некои од општините велам, не во сите. И сега ако ние сеуште бевме заложници на однесувањето на Градот Скопје и на поединци таму, тогаш ќе требаше оваа политика која што е додадена вредност за родителите и за децата, да почека, но еве и тоа се надмина и мислам дека добро идат работите.“
Тој нагласи дека нема простор да се поднесуваат нови проекти, бидејќи денеска рокот за аплицирање завршува, а општините што аплицирале требало да ги дополнат документите кои недостасуваат:
„Не, не може нови проекти, тие што беа, што недостасуваа документи, само требаше да ги дополнат. Новите во февруари или март.“
Во однос на тоа дали општините ги дополниле документите, премиерот одговори дека Министерството за локална самоуправа ќе достави информации:
„А не знам, не знам треба да видиме. Ќе ни дадат информации од Министерството за локална.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ