Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : СИСТЕМОТ Е ДЕВАСТИРАН И УНИШТЕН, ТОА СЕ ВИДЕ ВО М-НАВ КАДЕ ЧЛЕНОВИ НА ДУИ УПАДНАА И ГО ЗАГРОЗИЈА ОБЈЕКТОТ ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ

Тоа само ја покажува девастираноста на системот, уништениот систем, кој што не фунционира. Тоа што се случуваше во Македонска навигација каде што насилници и тепачи, членови на Демократската Унија за Интеграција упаднаа во просториите и практично загрозија објект кој што е од стратешко значење за Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кисела Вода каде што беше на терен во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените!“ при што од новинарите беше запрашан за коментар во врска со Кривичниот суд кој денес треба да донесе одлука по жалбата на ОЈО за упадот во М-НАВ.

„Видовте како партизираното и октроирано судство ги ослободи истите тие и денеска повторно имаме партизирано и октроирано судство кое што треба повторно, оние кои што ги тепаат, а тоа се коалицијата СДСМ-ДУИ или ДУИ-СДСМ, повторно сега октроирани, партизирани судии и обвинители да ве обвинивуаат и да ве судат кој што доаѓаат од коалицијата СДСМ – ДУИ. Јас не верувам дека нешто може да се постигне. На Ковачевски и на останатите им пречи активноста на синдикатот и претседателот на синдикатот, а не им пречат насилниците и тепачите. Самото тоа е еден вид глупост, по мене“, рече Мицкоски.

Мицкоски додеде дека она кое што треба да се случи е промена на следните парламентарни избори, голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и да се стави крај на девастираниот систем, да почне системот полека но сигурно да функционира, бидејќи граѓаните треба да ја вратат довербата во него.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ