МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЧОВСКА : БУГАРИЈА ВЕДНАШ ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО

0
967

Претседателот на ВМРОДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакнал загриженоста за европската интеграција на Македонија и побарал да се отворат преговорите без условувања.

-Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет . Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.
Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.