Дојавите за поставени бомби во училиштата се хибридни напади, кои и поматаму ќе се случуваат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со заканувачките пораки во повеќе основни училишта во неколку градови.
Дојавите за поставени бомби во училиштата се хибридни напади, кои и понатаму ќе се случуваат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со заканувачките пораки во повеќе основни училишта во неколку градови. – Постојано сум во контакт со министерот за внатрешни работи, сите се лажни дојави. Постапено е според протоколот – рече Мицкоски. Тој рече дека ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска, а претходно во институциите во Унгарија.