МИЦКОСКИ СЕ ЗАКАНИ ОД КАЈ САКИ : ЌЕ ИМА И ДРУГИ ЧЕКОРИ ОСВЕН АКТИВНА БЛОКАДА, ОРГАНИТЕ ЌЕ ЗАСЕДАВААТ, БОРБАТА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА, НО ЌЕ УСПЕЕМЕ

0
1239

Ќе има и други чекори, нема да биде само блокадите, ќе треба органите на партијата да се произнесат за тие други чекори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на ТВ Телма.

Мицкоски нагласи дека државата не оди во вистинска насока, а владата на СДСМ нема капацитет да ги реши проблемите со кои се соочуваат граѓаните, додавајќи дека токму затоа легитимно е како опозиција да бараат одржување на предвремени парламентарни избори.

Јас кажав дека ова ќе потрае заради тоа што цениме дека во овој момент ситуацијата во државата не иде во вистинска насока и дека имаме многу проблеми, а оваа влада очигледно е дека нема капацитет да ги решава тие проблеми, затоа нормално и легитимно е како опозиција која што победила убедливо на локални избори да бара предвремени парламентарни избори, потенцираше тој.