МИЦКОСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО АПСИ СТАРОТО И СЕГАШНОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ

0
908

-Пред некој ден еден новинар, репортер ме праша дали ја видов фотографијата. Му одговорив потврдно, да ја видов. Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот.

А одговорноста за сите нив следи веднаш по поразот на изборите каде промените се неизбежни и ние како држава нема да одиме напред ако нема правда, а правда мораме да донесеме и јас ви ветувам дека ќе донесеме, рече Мицкоски.Луѓето од власта, според него, се свесни дека ќе им се случи народ и дека ги чека тежок пораз и затоа она што им преостана се интригите, сплектарењето и очајните чекори на редење на клинови, сеење омраза и византиски игри.

-Па така пред некој ден се состанале Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Спасовски да прикажат дека се единствени и сплотени. Потребата да се прави сето ова всушност ја покажува спротивната теза дека се длабоко поделени и раскарани. И добро е што се сретнале, затоа што така пропадна уште една теза на одредени кругови на власта, па и на оние нивни лакеи во опозицијата дека имало било каква тајна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Заев, додаде тој.