Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : СДСМ И ДУИ ПРВО НЕКА СЕ ПОКАЖАТ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ПА ПОТОА ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА ПОТРЕБА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ

ВМРО-ДПМНЕ уште утре е подготвен да оди на избори. Но, прашањето е дали треба да потрошиме уште 10 милиони евра, да застане системот, да не испорачуваме реформи и СДСМ уште еднаш се соочи со голем пораз, или да ја избереме опцијата во следните четири години да работиме за доброто на граѓаните.

Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, коментирајќи ја можноста следната година заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, како и дали за него се прифатливи предвремени избори ако СДСМ иницира распуштање на Собранието.

„Оваа влада има четиригодишен мандат добиен од граѓаните, а со тоа има и легитимитет. Треба да ги засукаме ракавите и да работиме за доброто на сите граѓани. Ако влегуваме во такво вертиго, нема да ги постигнеме целите, а наша цел е да донесеме нешто добро за граѓаните. А, дали сме подготвени утре да одиме на избори, да подготвени сме. Но, носиме одлуки што се во интерес на граѓаните, не на оние што се љубители на естрада“, рече тој.

Посочи дека кампања за локалните избори ќе има за десетина месеци, па тогаш ќе се види кој до каде е.

„Би им посакал и на двете поголеми опозициски партии, во својата опозициска коалиција, тие две политички партии заедно со една помала политичка партија да се освежат програмски и кадровски и тоа да го покажат на следните локални избори. Тогаш ќе зборуваме дали ќе имаме потреба од предвремени парламентарни избори“, вели Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ