„Состојбата е шокантана.Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата, а само 12 поседуват лиценци и тоа од тие не знаеме кои се се уште валидни бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, затоа што тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа.
Очигледно е дека некој не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја сокрие криминалната работа која што ја правел изминативе години додека раководел со тaа институција. Нема да има милост, од која сака нека е етничка припадност или политичка партија, ако треба за уши ќе ги влечеме од дома“, рече Мицкоски, додвајќи дека ова е масовно убиство што некој го дозволил за пари и криминал.