Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: РАЗМИСЛУВАМ ЗА СМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ , НЕ РАЗМИСЛУВАМ И НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДА СЕ МЕНУВА ХИМНАТА

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М телевизија вели дека размислува за промена на државниот грб, но апсолутно не размислува за промена на македонската химна, ниту пак му доаѓа на памет да влегува во таква дискусија.
„Тој е партиски симбол и на други политички партии, не е само на ВМРО-ДПМНЕ. Таму мојата изјава е резултат на брифинзи кои што излегоа во јавноста во одредени медиуми и претпоставувам дека новинарот кој што мене ми го постави прашањето беше инспириран од тие брифинзи во тие медиуми. И  јас дадов одговор внимателен во кој што кажав дека владата во која што беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кој што ја предводеше Никола Груевски имаше договор за да се смени грбот во државата. И тоа беше мојот одговор.“
На прашањето дали има иницијатива за таква промена премиерот Мицкоски рече, ако има ќе знае јавноста, ќе влезе во парламентот. Но, дали размислувам? Да, рече тој и додаде:
„Ценам дека хералдичкиот симбол земскиот лав е симбол на сите оние генерации кои што живееле во овие простори, и тоа не е некоја тајна. “
Во однос на македонската химна, премиер Мицкоски порача дека химната е темелна вредност на една држава, нагласувајќи дека не гледа никаква причина зошто таа би се менувала.
„Химната е темелна вредност на една држава, односно еден од трите суштински атрибути кои што ја дефинираат државноста. А химната претставува историска генеза, химната практично ја прераскажува историјата на создавањето на една држава и нација. И јас тука не гледам никаква причина зошто таа би се менувала или во кој дел таа би се менувала.“, дециден е Мицкоски.
Мицкоски порача дека ниту на памет не му паѓа да дискутира да разговара на тема за менување на македонската химна.
„Апсолутно, таман работа, ниту станува збор таа тема на дискусија, ниту на памет ми паѓа да влегувам во било каква расправа во која ќе се менува текст на химна, која што отсликува историска генеза на создавањето на оваа држава. Кој сум јас или кои сме ние тоа да го правиме.“, порача Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ