Почитуван заменик претседател на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски,
Почитуван заменик претседател на Владата, Љупчо Димовски,
Почитуван директор на Јавното Претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски,
Почитувани пратеници, градоначалници, почитувани членови на Владата, почитувани заменици министри и членови на Владата, наши сограѓани,
Пред малку, пред да почне овој настан, имав можност да разговарам со работниците коишто учествуваа во изградбата на овој пат. Затоа што често пати политичарите доаѓаат на овие настани, сечат лента и си заминуваат. И некако, како да тие коишто и зиме и лете и дење и ноќе оставаат дел од својот живот градејќи ги овие градби, некако како да остануваат заборавени. И имав чувство дека овој пат, најпрвин, треба овој настан треба да започне токму од нив, да ги стегнеме тие вредни работнички раце и да им се заблагодариме, гледајќи ги во очи овие луѓе. Бидејќи сите ние имаме своја заслуга, но тие ја имаат најголемата заслуга, и јас затоа од мое име и од името на Владата им благодарам за сето ова што го правеа. Ве молам еден голем аплауз.Исто така сакам да напоменам, иако не сум видовит, но некако како да изостана тој момент кога од опозициските партии, пред да се случи овој настан, доаѓаат на оваа градба или на градбите и се сликаат и го претставуваат како свое дело. Сакајќи на тој начин да ги политизираат работите.
Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас, бидејќи ние сме земја којашто во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како што е нафта и гас, и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков си недостаток. Но она коешто ние го имаме, другите балкански земји го немаат. А тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридорот 8 и Коридорот 10. Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков преубав експресен пат, којшто ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, односно од местото Чатал преку Длабочица до Крива Паланка или од местото Страцин попознато за оние коишто патуваат кон нашиот источен сосед Бугарија.
Кога бевме избрани како Влада, имавме дилема. Дали да се однесуваме како нашите претходници и да кажеме дека животот започнува од нас и дека сѐ што било претходно треба да заборавиме и дека ние сме тие коишто се најпаметни и најмногу знаеме. Или пак, сето она за коешто се потрошени народни пари, ваши пари, пари од македонскиот буџет да го завршиме и да го пуштиме во употреба и покрај предизвиците и сите недостатоци коишто ни ги оставија. Ние одлучивме да го направиме ова второто, бидејќи ценевме дека тоа е правилниот начин како се постапува со тешко, макотрпно, мачно заработените пари на македонските граѓани коишто тие ги уплаќаат во буџетот. И еве денеска сведочиме една таква градба.
Исто така, продолжуваме и со Коридорот 8, изградбата на Коридорот 8. А тоа е автопатот којшто треба да ги поврзе Гостивар со Букојчани, потоа тендерската постапка којашто треба да ја поврзе Букојчани со Кичево. И со не смалена динамика се градеше додека не заврна, долго очекуваниот снег, оној познат автопат којшто треба Кичево да го поврзе со Охрид. Со што би ја завршиле и таа делница којашто е дел од Коридорот 8. Очекувам дека отсечката од Врбјани до Охрид, можеби со мало исклучување кај месноста Ботун, да биде пуштена на почетокот од оваа туристичка сезона, таму втората половина на мај, првата половина на јуни. А целосно, таа делница да биде затворена до крајот на 2026 година.На тој начин, се сака и се гради татковината. На тој начин, ние правиме подобри улови за граѓаните и на тој начин ќе продолжиме да работиме, затоа што само така можеме да покажеме дека принципот како до сега, заврши и остана на една друга страна од нашето минато. И дека е сега моментот кога, ја градиме државата и на тој начин Македонија се сака со дела, и Македонија ќе биде повторно горда.
Она што исто така сакам да го споменам е благодарност до амбасадорот Рокас, до Канцеларијата на Европската Унија за сето тоа што го прави за нас, и како држава и како граѓани. Бидејќи на тој начин преку реални проекти, преку проекти коишто сите можеме да ги видиме и користиме, можеме поблиску да ја доближиме Европската Унија и европските вредности до граѓаните. И убеден сум дека вакви проекти заедно со Канцеларијата на Европската Унија, во годините коишто следат, ќе завршуваме.Исто така дозволете ми да се заблагодарам до заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николоски, до директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тие се одличен тандем, навистина одлично работат имаат навистина добра екипа создадено, креирано и ги испорачуваат очекувањата на граѓаните.
Сакам исто така, да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам до колегите професори и поддршката од Градежниот факултет, бидејќи некако колегите не ги споменавме во претходните говори. Многу голема благодарност, бидејќи Градежниот факултет исто така тука многу помогна. Министерката, се разбира, Гордана Димитриеска Кочоска, министерката за финансии, којашто исто така учествуваше во оној почетен дел кога се оградуваше, ослободуваше оној дел којшто беше закочен.
Затоа нека ни е со среќа и нека е аирлија овој експресен пат.
Старата латинска поговорка вели: Res, non verba – Дела, а не зборови!
Работиме искрено, чесно и макотрпно и со секој ден докажуваме дека Македонија е повторно горда и е повторно ваша. Бог да ни ја благослови нашата Македонија.“