⏳Заврши вчерашната трибина на Мицкоски во Прилеп. На настанот видливо беше дека бројот на поддржувачи на политиките на оваа партија е релативно намален, иако било контактирано целото членство со типичниот груевистички пристап на водење на списоци со присутни и барање од секој од нив поединечно да информира директно во партијата дали ќе биде дојде на настанот.
Ние прашуваме:
1. ❓Дали го однесовте Мицкоски покрај купот диви депонии што испливаа на површина после дождовите?
2. ❓Дали му кажавте колку тони отпад се излеа од градов и неповратно замина по течението на Црна Река, со што створивте регионална еколошка катастрофа?
3. ❓Дали пратеникот Петар Ристески-Пеката ве почести нешто со парите од патарините?
4. ❓Дали ги видовте општинските дивоградби под трибината на стадионот, новата градинка, затворениот базен, кривичните за претхотдиот градоначалник, ископаните улици, фабриката за секундарна селекција на отпад, мини-пречистителните станици, водоводот во Канатларци, градинката во Тополчани…
#ЛевицаОдСоветите
Фејсбук статус на Левица – Прилеп.