МИЦКОСКИ : ПО ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДАТА ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДАМЕ МОЖНОСТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, ДУРИ И ЗА НАМАЛУВАЊЕ

0
105

„Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на една дебата и дискусија за враќање на цената на електричната енергија, односно да ја разгледаме и можноста дури и за намалување“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и иден премиер за време на денешната посета по повод почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со цената на струјата.

Мицкоски информираше дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го направи и намалувањето на цената на струјата.

„Имаме план, имаме начин како тоа во периодот што следи да го направиме така што граѓаните треба да бидат спокојни доаѓа влада која ќе се грижи за стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.