МИЦКОСКИ : пОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗАЕДНО СО НАРОДОТ ПРОТИВ ОВАА НЕНАРОДНА ВЛАСТ Е СЕ ПОИЗВЕСНА, ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е И ПРОГРАМАТА КОЈА ЌЕ ЈА ТРАНСФОРМИРА МАКЕДОНИЈА

0
371

Партискиот истражувачко аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ – „Љубиша Георгиевски“ и Фондацијата Конрад Аденауер во период од 23 до 25 февруари во Велес организираат тридневен настан наменет за Извршниот комитет на партијата и членови на кабинетот на Претседателот Мицкоски, со цел дискусии и стратешко планирање за активностите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

На настанот присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите на партијата, генералниот секретар, членовите на ИК и членовите на кабинетот.

Настанот беше отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер. Во своето излагање пред присутните Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун истакна „Како што нашите демократски општества се развиваат и менуваат, така мораат и политичките партии исто така да се развиваат, со цел да се прилагодат на желбите и очекувањата на гласачите. Ова е предуслов за да се извојува предност на едни демократски избори. Оттука, нас како Фондација Конрад Аденауер како и Партискиот истражувачки и аналитички центар Љубиша Георгиевски”, ни претставува задоволство можноста заедно со партиското раководство и извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да ги адресираме овие тековни предизвици, како и да дискутираме за можни одговори и решенија“.

Кристијан Кремер, меѓународен секретар на водечката германска партија ЦДУ, ги поздрави присутните во живо обраќање преку видео линк. Споредувајќи ги состојбите во Германија и Македонија, Кремер заклучи дека недостатоците и неработењето на Социјалдемократите се одразуваат негативно на општеството и ги разочаруваат луѓето. „На оваа некомпетентност, најмногу реагираат младите, па тие се разочаруваат од политика, а кај вас и рапидно се иселуваат“. Коментирајќи ги актуелните евроинтеграции, Кремер нагласи дека силно верува во посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ да ка придвижи силно напред Македонија преку посветена соработка и дијалог.

Исто така, свое обраќање пред присутните имаше и Пратеникот во Европскиот парламент и Потпретседател на Европската народна партија Дејвид Мекалистер кој изрази задоволство од можноста Европската народна партија да придонесе кон поддршка и зајакнување на својата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ, особено во пресрет на кампањата за претстојните парламентарни и претседателски избори, кои ќе се случат напролет. Мекалистер отворено ја охрабри ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во позитивна и конструктивна политичка кампања, која ќе биде фокусирана на солидни и издржани политички решенија, во рамки на политичка програма која гарантира просперитет за земјата. Тој ја истакна и важноста од исходот и на претстојните избори за Европскиот парламент кои ќе се  случат во јуни годинава, потенцирајќи дека овие избори несомнено ќе бидат одлучувачки за идните генерации и Европскиот континент кој се наоѓа на крстопат. Во овој поглед Европската Народна Партија се стреми да остане најсилната парламентарна група во Европскиот парламент, истакна Мекалистер.

Во текот на дискусиите Претседателот Христијан Мицкоски упати искрена благодарност до Конрад Аденауер што несебично и континуирано ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а ние со задоволство ќе продолжиме да вложуваме во јакнење на човечките капацитети. Претседателот Мицкоски се осврна на стратешкото планирање на партијата за изборите кои што следат, она што е направено до сега и што уште треба да очекуваме. Сведоци сме на силно обединување и активирање на се поголем број на граѓани, поради лошите состојби кои ги има во Македонија. Во завршна фаза е и програмата за следните избори во која има разумни проекти со детален пристап и ветувања кои имаат за цел да ја трансформираат Македонија. Победата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот против оваа ненародна власт е се поизвесна.