Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ПЕТ ГОДИНИ СМЕ ДЕЛ ОД НАЈМОЌНИОТ ВОЕН СОЈУЗ ВО СВЕТОТ

Нашите војници, со својата професионалност, пожртвуваност и лојалност, го носат македонското знаме на меѓународните мисии и покажуваат дека сме рамноправен партнер во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност, потенцира Мицкоски.

Денес, со посебна чест и гордост, бевме дел од одбележувањето на петгодишнината од пристапувањето на Македонија во НАТО, стратешка цел кон која тежнеевме со години и која денес е наша реалност.

Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот, што значи пет години гарантирана безбедност, стабилност и партнерство со сојузници кои ги споделуваат истите вредности, објави премиерот на Владата, Христијан Мицкоски.

Посебна почит и благодарност упатуваме кон македонската армија, столбот на нашата безбедност и суверенитет. Нашите војници, со својата професионалност, пожртвуваност и лојалност, го носат македонското знаме на меѓународните мисии и покажуваат дека сме рамноправен партнер во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност, потенцира во објавата.

Овие пет години ја зајакнаа нашата позиција, ни дадоа пристап до најсовремени воени стандарди и ни овозможија поголема сигурност во време на глобални предизвици.

Но, ова не е крај, туку почеток на уште поголеми вложувања во безбедноста, армијата и нашите капацитети, додаде во објавата Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ