Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ОЧЕКУВАМ ЗАДВИЖУВАЊЕ НА СТОПАНСТВОТО СО РАСПОЛОЖЛИВИТЕ 250 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНВЕСТИЦИИ

„Апсолутно очекувам, задвижување. Ова е една поголема, посеопфатна стратегија. На вчерашната владина седница, беше донесена оваа одлука, односно договорите коишто треба да значат сега би рекол, административно поврзување и создавање партнерство помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки, веќе е одобрен од страна на Владата. Завршено е сето тоа и очекувам таа формалност деновиве да биде завршена и веќе ќе можат компаниите и економските оператори, да аплицираат и да добијат европски би рекол најнизок кредит.
Во текот на вчерашниот ден, подоцна вечерта имав исто така состанок и со гувернерката на Народната банка, каде што разговаравме на многу теми, меѓу кои и на темата дека денеска ако се пондерира каматната стапка што македонската економија ја користи, како ретко кога е идентична со онаа во Европа, отприлика 4,7 проценти.
А оваа каматна стапка, којашто ќе биде на располагање е 1,95 што е повеќе од двапати пониска од онаа којашто е пондерирана, моментална пазарна кај нас во државата.
Така што ова очекувам да помогне, да создаде еден инвестициски бран од минимум 300 милиони евра“, одговори денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарското прашање дали очекува раздвижување на македонската економијата со мерката 250 милиони евра за компаниите, ако земеме предвид фактот дека и Светската банка ја коригираше проекцијата нагоре.

Со владините проекти се очекува позитивна нагорна линија на прогнозите и од другите меѓународни финансиски институции, како што тоа го направи Светска банка.

„Потоа, проектите во општините коишто се еден инвестициски бран, реализирање на капитални инвестиции од 250 милиони евра. Тука би ги додал и надворешните вложувања, странските инвестиции, коишто очекувам оваа година односно претходната година, 24-та со засилена динамика во втората половина да натфрлат една милијарда.

Со што ќе бидеме по глава на жител и по процент од бруто-домашен производ најдобри во регионот. Повторно да се вратиме на тие патеки и логично сите овие индикатори консолидирање на буџетскиот дефицит и сето она приходите и слично, ќе резултира во коригирање во позитивна нагорна линија на прогнозите на меѓународните финансиски институции, како што тоа го направи да речеме Светска банка.
Којашто најпрвин предвидуваше 1,8 за 2024, а доколку растот биде помеѓу 3,5 и 4 проценти на БДП во четвртиот квартал, секако тоа ќе оди во нагорна линија, па може да дојде и до 3 проценти на годишно ниво, нешто со коешто ќе бидеме навистина задоволни, односно ќе ги надмине и нашите позитивни очекувања“, објасни премиерот.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ