Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари. Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата.
Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред.
Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме и да останеме заобиколени туку треба да бидеме дел од нив, за да Македонија биде повторно горда и ваша! – напиша премиерот Мицкоски на фејсбук.