Денеска го посетив реконструираното одделение за систематски прегледи во Институтот за јавно здравје, инвестиција во вредност од 1.500.000 денари.
Оваа реконструкција претставува значаен чекор кон унапредување на јавноздравствениот систем, обезбедувајќи подобри услови за преглед, дијагностика и навремена превенција.
При посетатата е прикажан:
– новиот апарат за калибрација на радиолошки апарати, единствен во земјата и опкружувањето, каде ќе се калибрираат рентгени, мамографи и друга опрема од целата земја;
– како и статусот на биолабараторијата од ниво 3.