Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ОД ШТИП: ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ИСПОРАЧАМЕ ПРОЕКТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Добар ден и од мене.

Јас немам што да додадам на тоа што веќе го кажаа претходните говорници. Мислам дека прилично исцрпно и детално ве информираа и вас, претставниците на медиумите, но и граѓаните.

Мене ми преостанува само да им честитам на градоначалниците за работата и за резултатите кои што ги испорачуваат на граѓаните во општините во кои што се градоначалници и Штип и Карбинци. Убеден сум дека и во годините кои што следат ќе продолжат со несмалена динамика. Истовремено, им честитам и на советите и на администрацијата што ја следат работата на градоначалниците и убеден сум дека во годините кои што следат ќе испорачаме уште многу резултати насекаде низ целата територија на Македонија, во сите општини, затоа што наш приоритет претставува квалитетот на живот на нашите граѓани. И без разлика дали се тоа општини каде што има градоначалник од редовите на владејачкото мнозинство или пак од опозицијата или пак некој независен градоначалник, оваа Влада е посветена целосно на овие речиси 26.000 квадратни километри на секое парче да инвестира.

Сакам да им се заблагодарам и на колегите од Владата за неуморната работа, за енергијата, за ентузијазмот, за инспирацијата која што ја имаат и проектите што ги реализираат. Не само на централно ниво, туку и, помагајќи ги општините, на локално ниво. Знам дека уште многу убави работи во периодот што следи ќе објавивме заедно за граѓаните, а посебно за Штип и општините околу Штип. Така што со несмалена динамика продолжуваме да испорачуваме.

Голема благодарност и до пратениците во македонското Собрание кои што навистина со својата работа исто така инспирираат, работат, се борат за своите општини, за проект повеќе. И убеден сум дека една ваква хармонија на локално, на централно ниво и во рамките на Парламентот со огромното мнозинство коешто го има оваа влада, ќе продолжи и во иднина и ќе испорачаме за доброто на сите граѓани, за подобар живот. Впрочем, тоа беше и нашата цел, еве речиси една година од изборите, да биде Македонија повторно на граѓаните. И мислам дека до сега успеваме да ја вратиме.

Благодарам.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ