Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА : ОВОЈ НАСТАН Е ДОКАЗ ЗА МОЌТА НА СОРАБОТКАТА, ВИЗИЈАТА И ПОСВЕТЕНОСТА ШТО НАШИТЕ ЗЕМЈИ ЈА ИМААТ КОН УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ, КУЛТУРНАТА РАЗМЕНА И ТУРИСТИЧКАТА ПРОМОЦИЈА

„Почитувани дами и господа,

Почитувани претставници на винската индустрија, храна и гастрономија,

Почитувани организатори и гости,

Дозволете ми, од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да ве поздравам на ова значајно случување – саемот „Винска визија на Отворен Балкан“.

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција.Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.

Виното, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ. Тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.

Драги пријатели,

Горд сум што денеска, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија, која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот.

Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот.Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето.

Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена.

Во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот, меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.

Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет.

Дополнително, секторот за вино придонесува со три проценти од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците.

Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител.

Почитувани присутни,

Верувам дека овој настан нема само да ја зајакне нашата винска индустрија, туку и дека ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.

Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки.На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на домаќините и организаторите, кои вложија голем труд за да го направат овој настан успешен и да го промовираат Балканот како регион на квалитет, креативност и потенцијал.

Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина.

Ви посакувам успешен саем, многу нови партнерства и се разбира, убави моменти со најдоброто од нашите вина.

На здравје и успех!

Ви благодарам.“

Со почит,

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ