МИЦКОСКИ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА: САКАМ ДА И СЕ ИЗВИНАМ НА ЈАВНОСТА ЗА ДИВЕЕЊЕТО НА ЛЕВИЦА ВО СОБРАНИЕТО

0
468
  • Почитувана јавност, почитувани колеги. Сакам најпрво да ви се извинам на јавноста и на граѓаните за тоа што можеа да го слушнат од политичката партија Левица.

    Жалам што мораа граѓаните да го следат собранискиот канал којшто треба да биде дом на демократијата а не дом кој ќе се обидат неколку луѓе да приредат едно реално шоу во коешто себеси ќе си доделат некоја титула а потоа преку неколку клипчиња по социјалните мрежи и медиуми ќе се обидат да ве девалвираат вас пратениците во македонското собрание но и граѓаните којшто на изборите масовно ја поддржавте идната влада од коалицијата ,,Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Се извинувам и на оние којшто го дадоа гласот за овие малкумина пратеници и претпоставувам дека тие очекуваат во нивен стил агресивен дека и јас така ќе се однесувам.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од собраниската говорница до пратеничката група Левица.