МИЦКОСКИ ОД РЕСЕН : ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ВЛОЖИ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИ КОИ ЌЕ ГО ПОДОБРАТ ЖИВОТОТ НА РЕСЕНЧАНИ

0
318

Добар ден од Ресен, денеска сме овде во општина Ресен како дел од теренската акција „Важно е! Од тебе зависат промените“ значајно е заедно со градоначалникот, заедно со советниците, со луѓето од општинската администрација, пратеничката која што е и дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска да поразговараме за тоа што е важно за ресенчани, тоа што е важно за ресенчани е важно и за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Сакаме директно од ресенчани да слушнеме кои се потребите на ресенчани, од групи на граѓани исто така да слушнеме што е она што очекуваат од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа да биде дел од следната програма на изборите кои што ќе се случат за неколку месеци од денес, а потоа се разбира да биде и владина програма односно програма на владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од денес.

Имаме спротивен пристап од тоа што била пракса во минатото, почнуваме директно од теренот, дирекнто од средби со граѓаните што е можно повеќе граѓани сакаме да сретнеме и од што е можно повеќе граѓани да слушнеме што е она што е важно за нив, а тоа да биде дел од следната програма. Многу сме внимателни, овој пат сакаме да влеземе во кампања каде тоа што ќе биде дел од програмата тоа и ќе биде и испорачано. Не сакаме да предизвикаме преголеми очекувања кои што потоа од објективни и од субјкетивни причини нема да бидат реализирани и тоа веднаш како реакција да создаде големи разочарувања. Така што многу внимателно влегуваме и многу внимателно ќе ветуваме и ќе биде дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ и од идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Заедно со градоначалникот, заедно со претседателот на општинскиот комитет, советниците, администрацијата, пратеничката исто така ќе посетиме многу проекти кои што се реализирани од страна на градоначалникот овде во општина Ресен.

Ќе потсетам, овие две години откако Јовче е избран за градоначалник, тој се соочи со многу проблеми од објективна и субјективна природа, блокирана општина, општина која што имаше огромни долгови. Но, и покрај сето тоа, сепак, успеа да реализира голем број проекти, да испорача голем дел од ветувањата кои што беа дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и неговата изборна програма на локалните избори во 2021 година.Имајќи предвид со каква влада се соочуваме, притисоците, одземањето ингеренции, неинвестирањето во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, тука згора на се имаме и блокирана општина, сепак, реализирани се голем број проекти.

Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада, влада на ВМРО-ДПМНЕ која што планира преку основниот проект да вложи до седум и пол милиони евра до општина Ресен за проекти кои што ќе бидат дел од капиталните инвестиции, а директно ќе бидат насочени кон ресенчани. Многу водоводи, многу асфалт на улици и булевари, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на плоштадот Цар Самоил и тоа ќе бидат проекти финансирани директно од централниот буџет, надвор од буџетот кој што ќе го има самата општина.Ќе повторам, до седум и пол милиони евра.

Цениме дека тоа ќе одговори на потребите на ресенчани и во многу нешта ќе го подобри квалитетот на живот, овдека во општина Ресен.Сосема на крај, ќе ми дозволите уште еднаш да му честитам на Јовче, на советниците, на администрацијата, на луѓето кои што ја поддржуваат работата на градоначалникот на општина Ресен, да посакам да продолжат со храбро, чесно работење што е многу важно, посветено работење и подготвени да ја дочекаат новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со многу проекти кои што заедно потоа ќе ги реализираме.