Wednesday, July 16, 2025
25.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ОД ОБУКА НА КОНРАД АДЕНАУЕР: МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ ТРАНСФОРМИРА

Од денес во наредните два дена ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ и КАС одржуваат обука за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на ИК на партијата на тема одржлив локален развој за подобра иднина.

Обуката ја отвори претставникот на КАС за Македонија Даниел Браун и раководителот на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Светислав Васев.

Свое обраќање на настанот имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Македонија Христијан Мицкоски, кој пред присутните кажа дека ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа ма локалните избори ан есен, која ќе значи поголем број на општини, потенцирајќи дека тенденцијата е СДС да остане и без ниту една општина.

Претседателот кажа дека Македонија забрзано се трансформира, во таа насока кажа дека бројот на туристи во државата се зголемува, индустриското производство расте, бројот на капитални инвестиции и одобренија за градби е зголемен.

Претседателот истакна дека цел на Владата на  ВМРО-ДПМНЕ е да го заврши овој мандат со номинален БДП на Македонија од над 20 милијарди долари, тоа ќе значи посилна економија и побогати граѓани, а кон тоа ќе придонесат сите инвестиции, како државни, така приватни, но и странски, а кои се случуваат заради подобрата бизнис и политичка клима.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ