Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат. Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат, рече Мицкоски
Кога и да се случат изборите, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оствари историски резултат како тој што беше на локалните избори. И тогаш ќе дојде крајот на оваа ненародна власт, но и крај на нивните мали мизерни политички кариери, порача вечерва од Кичево лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.
Тој рече дека има поддршка од народот каде и да оди низ државата.
Тој додаде дека Македонија треба да се води чесно и дека нема време за бизнисмени во политика.
„Нема веќе тоа да го има. Секој оној којшто мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт нема тоа да го има“, нагласи Мицкоски.
Тој се осврна и на уставните измени кои предвидуваат внесување на бугарскиот и други народи во Уставот, а кои се неопходни за С Македонија да ги продолжи преговорите со Европската Унија, и повика на обединување со цел победа на следните избори.
„Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат. Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој укажа дека е потребна победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирање на Влада без уцени.
„Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја има честа да го брани и одбрани можеби еден од најмалубројните народи во Европа, тоа е македонскиот народ. И колку да ви кажуваат било какви романтични предлози и идеи дека ќе направиме вака и така, верувајте тие ве мамат“, нагласи Мицкоски.