МИЦКОСКИ : ОД ДЕНЕШНАТА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА САМО СЛУШНАВМЕ ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ИНФОРМАЦИИ БЕЗ КОНКРЕТЕНДОКАЗ, БЕЗ НИТУ НЕШТО КОЕ МВР ТРЕБАЛО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПРЕЗЕМАТ

0
310

Почитувани,

Добар ден,

Како што и претходно беше закажано денеска треба да се одржи состанок на кој што очекувам да се разговара за тоа за кое што претходно го најавуваше Ковачевски.

Денеска е тежок ден и за Македонија, и за сите нас. Нема зборови со кои што можам да ја изразам сопствената болка. Нема зборови со кои што може да се изрази болката, а истовремено да се утешат најблиските кои што за жал изгубија двајца луѓе, драги луѓе.

И навистина претставува за мене тежок момент и како родител, и како човек. Посебно сум разочаран и згрозен од тоа што бев избрифиран, а и делумно го гледав, а што претставуваше прес конференција на оние двајца луѓе пред некоја минута. Таму слушнавме енциклопедиски информации без ниту еден конкретен доказ, без ниту нешто кое што МВР требало и Обвинителството да го преземат.

Тежок ден и навистина мое големо сочувство, најдлабоко сочувство до семејствата на трагично загубените човечки животи.