МИЦКОСКИ ОД ВИЕНА : НЕМА ДА ЈА КРАДИМЕ МАКЕДОНИЈА СО ЕДНАТА РАКА ДОДЕКА СО ДРУГАТА МАВТАМЕ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ

0
304

Тој вели дека врвен приоритет доколку станат идна власт во земјава ќе биде борбата против криминалот и корупцијата.Ваквите негови изјави доаѓаат по средбата што денеска ја имал со министерката за Европа и Устав во австринската Влада, Каролина Едстадлер, која како што вели е прва, од многуте планирани со функционери во австриската Влада.

На неа, како што кажа, ги објасниле позициите на ВМРО-ДПМНЕ од нивната изборна програма, која, вели, практично ќе биде програма на идната влада на земјава што според него ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

„СИТЕ ОНИЕ КОИШТО СЕ ОГРЕШИЛЕ ПРЕД ЗАКОНОТ ТРЕБА ДА СНОСАТ ПОСЛЕДИЦИ ЗА ТОА ШТО ГО НАПРАВИЛЕ СО ФОКУС НА ОВИЕ ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ ВО НАЈКОРУМПИРАНАТА ВЛАДА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА И ЗАПАДЕН БАЛКАН“, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ.   

Тој се осврна и на евроинтеграциите на земјава. Вели дека под нивно водство владата ќе биде проевропска и главен фокус ќе биде интеграцијата на Македонија во Европската Унија, но „на еден различен начин од тоа што го правела досегашната влада“.

„НИЕ НЕМА ДА КОЛЕНИЧИМЕ И ДА БИДЕМЕ ПОДЛИЗУРКОВЦИ И ИЗМЕЌАРИ. И НЕМА ДА ГИ РАСПРОДАВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, ПОРАЧА МИЦКОСКИ ВО ИЗЈАВА ЗА ТВ АЛФА.

Според Мицкоски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ова прашање е принципиелен и таков ќе остане и по изборите.Инаку, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се децидно против уставните измени со кои Бугарите би влегле во Преамбулата на Уставот, што е услов за продолжување на преговорите со Европската Унија, односно за отворање на кластерите и поглавјата од преговарачкиот процес.