МИЦКОСКИ ОД ВЕВЧАНИ : НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОСАКУВАМ ЗДРАВЈЕ И СРЕЌА, НО И МНОГУ МУДРОСТ И ТРПЕНИЕ ВО ОВАА ГОДИНА НА ПРОМЕНИ КОЈА ШТО СЛЕДИ

0
463

Почитувани,

Добро еве традиционално како и секоја година повторно сме овде во Вевчани на овој ден заедно со ова карневалско дефиле по повод големиот христијански празник Василица.

Ја користам оваа прилика на сите оние кои што го празнуваат овој ден да им го честитам. На помош Господ да е.

Да ги честитам на сите граѓани новогодишните празници, сите оние кои што ги празнуваат и чествуваат Божиќните празници исто така да им ги честитам и да посакам здравје, среќа и би рекол многу мудрост и трпение во оваа година на промени која што следи.

Сите оние кои што имаат желби во новата година да им се исполнат, а на граѓаните генерално покрај овие сите работи кои што веќе ги споменав нормално благосостојба во нивните домови, бериќет и успех.

Очекувам успешен ден и покрај тоа што го изразувам моето најискрено сочувство за инцидентот кој што се случи во раните утрински часови овде во Вевчани. И посакувам денот да помине во добро расположение.