„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.
Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Сведочам дека во време кога бевме во опозиција во 2018 многу луѓе од целиот свет, високи функционери од ЕУ, премиери од многу моќни НАТО земји, претседатели, членови на Европската комисија, не посетуваа и велеа само сменете го името овој пат веднаш ќе станете членови на НАТО, ќе почнете преговори со ЕУ и ќе ги завршите во период од 4-5 години и ќе станете дел од ЕУ. Тие 4-5 години поминаа пред 2 години и ние сме во иста ситуација како пред 20 години, но во меѓувреме го променивме знамето, валутата, името и се.