Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ : ВЛАДАТА ОСТАНУВА ФОКУСИРАНА НА РЕФОРМИТЕ, ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА СЕ ШТО Е ПРИНЦИПИЕЛНО ЗА ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ, НО УЛТИМАТУМИ НЕ ПРИФАЌАМЕ

„Добровечер од Брисел,

Денеска овдека сме да ја испратиме онаа порака која што до сега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија.

Денеска имав можност да остварам две билатерални средби. Едната е со госпоѓата Марта Кос којашто е новиот комесар за проширување и господинот Антонио Кошта којшто е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.
Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство.“

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ