Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ОД БИТОЛСКА ХЕРАКЛЕА: СИЛНА МАКЕДОНИЈА СЕ ГРАДИ СО ЕКОНОМСКИ ПОКАЗАТЕЛИ И СО ЧУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА И ВРЕДНОСТИТЕ КОИ НЕ ДЕФИНИРААТ КАКО НАРОД

На вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Идеја што не запира, вредности што носат промени“, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека државата се заснова на традиционалните вредности на семејството, на традицијата како клучни столбови во една земја како Република Македонија, а воедно потенцираше дека Владата ќе продолжи со проектите кои носат подобрување на животниот стандард на граѓаните и го придвижуваат економскиот развој во нагорна линија.

„Силна Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите кои нè дефинираат како народ. Конзервативните вредности на семејството, традицијата, трудот, честа, нацијата, редот, правдата и одговорноста се нашиот стожер. Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина. Понатаму, нашата Влада ќе продолжи со имплементација на конкретни проекти кои ќе донесат вистински економски развој и подобрување на стандардот. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој“, вели Мицкоски.

Претседателот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е само партија туку и вредност, идеологија и љубов, односно партија која има визија за вредности кои носат промени.

„Нашата желба е секој граѓанин да почувствува подобрување во својот живот. Јас сум горд што сум дел од овој тим и во Владата и во партијата. Тука сме затоа што идејата за Македонија, како суверена, достоинствена и праведна држава, не умира. ВМРО-ДПМНЕ како што кажав во повеќе наврати во ова мое денешно обраќање не е само партија. Вредност, идеологија, љубов. Тоа е макотрпното градење на домот на секој македонски човек. Ќе успееме.

Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла. Верувам во вас, верувам во народот, верувам во Македонија. Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, а најдоброто допрва доаѓа. Заедно, со чесна работа и срце полно надеж, ќе ја изградиме Македонија каква што заслужуваме“, рече Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ