Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ОД БЕЛГРАД : КОЛИЧИНИТЕ КОИ ГИ ДОБИ ЈСП ЌЕ БИДАТ ДОВОЛНИ ЗА 10 ДЕНА, 2 НЕДЕЛИ, НО НЕМА ТРАЈНО ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ!

По отворањето на Македонската вечер во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање вели „овие 250.000 литри ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели, 3 недели но нема трајно да го реши проблемот со ЈСП“.

-Овие количини, овие 250.000 литри се веќе доставени до депоата на ЈСП. Денеска е нормализирана состојбата, и овие се позајмени количини затоа што во текот на вчерашниот ден менаџментот на ЈСП до Бирото за јавни набавки достави барање за реализирање на итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање. Од страна на Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно. Овие 250.000 литри ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели, 3 недели но нема трајно да го реши проблемот, изјави Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ